Татран Прешов е последната екипа, која “настрада“ пред налетите на Вардарци. Нашите момци стигнаа до уште една сигурна победа со резултат 32-28 (18-11). Таа беше вкупно четврта од исто толку одиграни мечеви во СЕХА-лигата. Столбот на одбраната на црвено-црните Илија Абутовиќ по дуелот изјави:
-Мислам дека одигравме добар натпревар со Татран, на кој сите играчи го дадоа својот макисимум. Влеговме во добар натпреварувачки ритам на сартот од сезоната. Тоа е многу важно пред тешкиот натпревар со Нант во лигата на шампионите. Во СЕХА лигата секогаш играме добро, бидејќи ги познаваме сите екипи и знаме што не очекува на дуелите во ова натпреварување.