Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Македонија игра “контролка “ со БиХ во Кале 17-45 ч, двајца вардарци во комбинација, влез слободен
Македонија игра “контролка “ со БиХ во Кале 17-45 ч, двајца вардарци во комбинација, влез слободен

Македонија игра “контролка “ со БиХ во Кале 17-45 ч, двајца вардарци во комбинација, влез слободен

Вчера кормиларот на црвено-жолтите, Лино Червар ги собра ракометарите на Македонија по кратката пауза од подготовките. Тие се собраа во Скопје, а од денес во наредните три дена гостин ни е селекцијата на Босна и Херцеговина со која ќе тестираме.

Во ростерот има двајца црвено-црни момци за оваа последна етапа пред заминувањето на Светското првенство во Франција. Од првиот тим на Вардар, е Стојанче Стоилов. Покрај него се наоѓа  и младиот ракометар на РК Вардар Јуниор Мартин Поповски. Денес имаме прилика  да ги бодриме нашите ракометари против селекцијата на Босна и Херцеговина. Ова е прв меч во новата 2017 година, престои важна контролка пред заминувањето за Франција. Мечот ќе се игра во Спортскиот центар  “Кале“, дуелот започнува во 17 часот и 45 минути. Влезот е слободен на овој дуел. Потоа ќе ни следат уште две пресметки со истиот противник, но тие ќе бидат од затворен карактер.