Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > За дербито Вардар – Еурофарм Пелистер влезот е СЛОБОДЕН

За дербито Вардар – Еурофарм Пелистер влезот е СЛОБОДЕН

Натпреварот од четвртото коло од домашната машка Супер лига меѓу Вардар1961 и Еурофарм Пелистер е закажан за в недела во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“. Влезот на натпреварот ќе биде СЛОБОДЕН.
.
Дербито на колото, истовремено е дерби и на првенството. Сезонава Вардар1961 триумфираше против Еурофарм Пелистер во финалето на турнирот во Струга, а битолчани беа подобри и го освоија Супер купот.
.
Вардар игра со згуснат распоред паралелно со настапот во ЕХФ лигата на шампионите и домашното првенство. По три одиграни натпревари „црвено-црните“ до домашното првенство имаат три победи.
Во ЕХФ лигата на шампионите одиграни се два натпревари, а Вардар ремизираше во Норвешка со Елверум, и вчера го победи Мешков на домашен терен.
.
Средбата со Еурофарм Пелистер доаѓа како најава за уште еден дуел од ЕХФ лигата на шампионите, против Алборг на 29 септември повторно во Скопје.
.
За натпреварот со Еурофарм Пелистер на самиот влез секој гледач ќе треба да покаже:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата. Велат од РК Вардар 1961.