Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинската репрезентација од денес до петок во Кале ќе атакува на “виза“ за С.П
Младинската репрезентација од денес до петок во Кале ќе атакува на “виза“ за С.П

Младинската репрезентација од денес до петок во Кале ќе атакува на “виза“ за С.П

Од денес  до петок младинската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра квалификации за пласман на Светско првенство. Квалификацискиот турнир се игра во Спортско рекреативниот центар Кале-Скопје.

На турнирот покрај младите црвено-жолтите  ќе настапат уште и репрезентациите на Португалија, Полска и Турција. Според пропозициите на турнирот само најдобрата репрезентација ќе се пласира на завршниот турнир на Светското првенство. Избраниците на селекторот на Младинската репрезентација на Македонија (до 21 година), Илија Темелковски во првото коло, денес (17,45) играат со Полска. Утре  на 5 јануари играме во истиот термин со Португалија, и на 6 јануари се среќаваме со селекцијата на Турција (14,30). На списокот од 16-те ракометари се најде и Дејан Кукуловски од редовите на РК Вардар Јуниор.