Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од денес се пуштаат во продажба билетите за дуелот со Монпелје
Од денес се пуштаат во продажба билетите за дуелот со Монпелје

Од денес се пуштаат во продажба билетите за дуелот со Монпелје

Од денеска (19 февруари 2020) на пладне, 12 часот во продажба се пуштаат поединечните билети за последниот домашен натпревар на Вардар во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите против Монпелје.

Продажбата ќе се врши онлајн преку www.ticketplus.mk.

Натпреварот Вардар – Монпелје е закажан за 29 февруари 2020 година во СЦ „Јане Сандански” во 17,30 часот.

Цената на поединечните билетите за натпреварите со Монпелје се:
* трибина – 350 денари
* А блок – 400 денари

Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн – www.ticketplus.mk

Вардар веќе го визираше пласманот во осмина-финалето, а до крајот на групната фаза остануваат да се одиграат уште две кола.