Во сабота (19.11) ќе се одигра дерби натпреварот од 11.коло во групата А, во кое ќе се сретнат екипите на Вардар и Алкалоид.
Натпреварот го карактеризираме како дерби, со оглед дека играат лидерот, Вардар кој после десет одиграни кола има максимални 30 освоени бодови, и Алкалоид кој се наоѓа на второто место на табелата со 27 освоени бодови.
Натпреварот во сабота ќе се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда со почеток од 18:00 часот. Натпреварот ќе го судат Михајло Илиевски и Методија Илиевски од Битола, додека делегат ќе биде Марјан Начевски.