Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Во сабота, РК Вардар Јуниор против Радовиш ја отвора новата сезона во супер лигата
Во сабота, РК Вардар Јуниор против Радовиш ја отвора новата сезона во супер лигата

Во сабота, РК Вардар Јуниор против Радовиш ја отвора новата сезона во супер лигата

Во сабота стартува новата натпреварувачка сезона во супер лига, за екипата на Вардар Јуниор. Со уште подмладен состав од претходните две години, избраниците на Стојан Петрушевски ќе имаат за главна цел да обезбедат опстанок во најсилната македонската лига.

Во првото коло на домашен терен и тоа во големата сала на С.Ц.Јане Сандански ќе го пречекаме повозрасниот и поискусен тим на Радовиш, со почеток од 18:00 часот. Тренерот Петрушевски за овој дуел нема да може да смета на Марко Мишевски и голманот, Марко Кизиќ кои ќе патуваат со првиот тим, за дуелот со Монпелје во рамките на Лигата на Шампионите, кој исто така на програмата е во сабота. На голот ќе ги имаме Андреј Петковски и Даниел Савровски.

Борбеноста ќе биде главната одлика на тимот, се надеваме дека момците ќе имаат поддршка во обидот да стигнат до првата победа во новата сезона.