Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: На крајот најважна е победата – Милосављев: Одлично е чуството да играш пред оваа публика во Ниш
Парондо: На крајот најважна е победата – Милосављев: Одлично е чуството да играш пред оваа публика во Ниш

Парондо: На крајот најважна е победата – Милосављев: Одлично е чуството да играш пред оваа публика во Ниш

Иако соочени со повредени играчи, екипата на Вардар успеа да победи и на гостувањето против екипата на Железничар (22:24) и да стигне до деветтата победа во СЕХА-лигата. Заслужена победа со оглед дека во најголем дел од дуелот имавме предност. На прес-конференцијата после завршување на мечот, своите впечатоци за медиумите ги сподели тренерот на Вардар, Гарсија Парондо кој го истакна следново:

-Железничар сега има нова група на играчи во споредба со почетокот на сезоната. Се соочивме со многу проблеми на овој дуел со составување на екипата, па и исклучувањето на Калараш кој доби црвен картон. Ова дефинитивно не беше една од нашите најдобри изданија, но на крајот секогаш е најважна победата.

Милосављев кој во текот на целиот меч беше на голот на Вардар имаше 9 одбрани.

-Се чувствував навистина одлично да играм овде пред оваа прекрасна публика во Ниш, градот на ракометот. Жал ми е што не успеавме да прикажеме најдобра игра за сите гледачи на овој натпревар, бидејќи ние се соочуваме со бројни проблеми со повредени играчи во моментов, но сепак мислам дека во целина овој меч ги задоволи своите критериуми, истакна Милосављев.