Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Јакобсен: Направивме премногу грешки – Шмид: Поразот од три гола е позитивен резултат за нас
Јакобсен: Направивме премногу грешки – Шмид: Поразот од три гола е позитивен резултат за нас

Јакобсен: Направивме премногу грешки – Шмид: Поразот од три гола е позитивен резултат за нас

Екипата на Рајн-Некар го призна поразот од Вардар, кој беше трет во последните четири меѓусебни дуели. Едноставно нашиот шампион имаше целосна контрола на резултатот и ниту во еден момент не беше загрозена нашата предност. На прес-конференцијата “златниот„ тренер од последното СП, Јакобсен изјави дека неговиот тим направил премогу грешки, па во таков случај не можеш да очекуваш добар резултат кога на спротивната страна го имаш Вардар.

-Направивме премногу технички грешки за да бараме позитивен резултат против една од најискусните европски екипи како Вардар. Мора да бидеме реални и да признаеме дека ни недостигаат две до три недели за да влеземе во ритам и за да се комплетираме по повредите. Честитки за Вардар, ние ќе имаме нови шанси да се поправиме за вечерашниот пораз.

Најдобриот стрелец на Рајн-Некар, на вчерашниот дуел, Шмид, истакна дека поразот од три гола е позитивен резултат, со оглед на нивната лоша игра.

-Од првата минута немавме решение како да се справиме со разиграниот Вардар. Моравме да одиграме далеку поквалитетно за да можеме да му парираме на тим како Вардар, но не успеавме во тоа. Затоа мислам дека поразот од три гола е позитивен за нас, бидејќи можевме да поминеме многу полошо. РНЛ е тим кој има квалитет да игра на врвно ниво на секој меч, но тоа не се случи вечерва