Во подготовките за новата сезона „црвено-црните” одработија три фази досега, првата во Скопје потоа следната беше во Словенија и последната, третта во Германија. Во Скопје се работеа првите неколку тренинзи откаде се замина на базични подготовки во К.Гора-Словенија каде тимот се подготвуваше на физички план.
Потоа со лет од Словенија заминавме за Германија каде одигравме три натпревари како подготовка за престојната сезона. Ha првиот дуел на кој доцнеа поради авионските линии забележавме минимален пораз од Бергишер со 25-27 (17-14). Следните два дена учестувавме на турнирот на Гумерзбах, во полуфиналето против Рајн Некар германскиот тим беше подобар и триумфираше со 34-25 (14-10). Следниот ден со триумфот против бундеслигашот Гумерзбах, 37-26 (18-11), нашите ракометари го освоија третото место на турнирот во Германија. По крајот на овој турнир вардарци се враќаат дома, и до заминувањето за Катар на Супер Глоуб ќе тренираат во Скопје.