Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тренерот на Фленсбург, Љубомир Врањеш- Вардарци се “тврд орев“, но ние се надеваме на Ф-4

Тренерот на Фленсбург, Љубомир Врањеш- Вардарци се “тврд орев“, но ние се надеваме на Ф-4

Фленсбург е наша пречка во  1/4-финалето во ЕХФ Лигата на Шампионите. Сите имаат свои сметки и ние и они. За нас е шанса за историја за нив прилика повторно да идат  на завршниот  Ф-4 турнир. Тоа би било   идеално збогување на тренерот Љубомор Врањеш со тимот кој го напушта по крајот на сезоната. Љубомир Врањеш во изјавата за официјалниот сајт на ЕХФ даде оценка за натпреварите со нашиот тим, тој го изјави следново:

Tимот на РК Вардар е исклучително силен оваа сезона. Исклучително тешко ќе биде да се скрши овој ’’тврд орев“. Ние се надеваме дека ќе ги победиме во 1/4-финалето, и дека историјата ќе се повтори, а ние повторно ќе играме во Келн на завршниот турнир  – изјави Врањеш