Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Металург ќе биде “домаќин“ во Јане Сандански на вардарци
СЕХА: Металург ќе биде “домаќин“ во Јане Сандански на вардарци

СЕХА: Металург ќе биде “домаќин“ во Јане Сандански на вардарци

Ракометниот клуб Вардар од четврток до недела ќе биде дел од силниот турнир во Стразбур, Франција. Веднаш потоа се враќа во Скопје каде ќе се извршат последните подготовки за првиот официјален дуел во регионалната СЕХА Гаспром лига против градскиот ривал РК Металург.

Првото регионално дерби меѓу скопските ривали  ќе се одигра во Спортскиот центар „Јане Сандански” на 29 август, среда со почеток во 17:15 часот. Начелно Металург беше домаќин на овој натпревар, сепак како што велат од тимот од Автокомадна тие ќе не “нагостат“ на наш терен во нашиот ракометен храм во Аеродром.  Овие два тима викендов се сретнаа и во  Супер Купот на Македонија. Вардаровиот состав беше поуспешен и го  победи Металург со резултат 33-24 (16-10).