Вардар вечерва го одигра првиот натпревар на турнирот во Стразбург, Франција во кој се сретна со ПСЖ на Гонзалез. Нашите момци одиграа квалитетен меч во кој успеаа и покрај тоа што играа без Борозан и Карачиќ, а потоа и Стоилов да дојдат до реми. Ние водевме во поголем дел од дуелот против скапиот ПСЖ, Гонзалез првпат ја почуствува маката да го имаш Вардар за ривал. Сепак тројцата повредени играчи во поле, играчите кои само што ги залечија повредите и еден избор на голманската позиција ни донесе замор во финишот па францускиот тим успеаа да се “извади“.
Првиот дел беше приказна за себе, ние одигравме на високо ниво. Македонскиот првак отвори со 1-3, во 9. минута поведе со 2-6. Игравме одлично во продолжение и поведовме со високи, 6-13. ПСЖ со три гола се доближи на 10-13, но нашиот тим се врати во ритам во 28. минута ги врати највисоките плус седум 13-20. До крајот францускиот тим намали на 20-14. Во првиот дел Дејан Милосављев имаше 8 одбрани, Дибиров беше прв стрелец со 6 гола.
Вторoто полувреме го игравме без Стојанче Стоилов кој има повреда на дланката по еден дуел со Лука Карабатиќ. Лекарскиот тим одлучи да не ризикува. Парижани намалија до 44.минута на 22-25, ние со гол точно на средината на второт дел бевме на комотни плус четири, 26-22 за нас. Постојано имаше резултатска нишалка помеѓу двата тима, фанцузите намалуваа на три негатива, ние се враќавме на плус четири. Скратениот ростер на црвено-црните донесе замор и шанса парижани да се доближат, тие на 5.минути до крај намалија на 30-29. Во 57.минута Парижани успеаа да изедначат на 31-31 и да влезат во финишот со психолошка предност. Тие беа подобри во финишот поведоа со 33-32, но ние најдовме сили и погодиме за конечни 33-33. Честитки за Парондо и момците за храбрата игра.
Тимур Дибиров и Сергеј Горбок постигнаа по седум гола, четири даде Мораеш, а по три Криштопанс, Скубе, Чупиќ и Шишкарев. Милосављев имаше 14 одбрани