Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар денес од Полска заминуваат за Хрватска, веќе утре не очекува дуел со ППД Загреб
Вардар денес од Полска заминуваат за Хрватска, веќе утре не очекува дуел со ППД Загреб

Вардар денес од Полска заминуваат за Хрватска, веќе утре не очекува дуел со ППД Загреб

Како што минатата недела најавивме,  РК Вардар не се враќа во Скопје и директно по тешкото гостување во Келце заминува на дуел од регионалната СЕХА лига.  Нашиот тим  денеска треба да пристигнат во Загреб, а веќе утре ќе искочи на “мегдан“ со хрватскиот првак тимот на  ППД Загреб.

Атакуваме на шестата победа од исто толку меча, зад нас се  пет кола во регионалното натпреварување во кои имаме  максимален ефект сезонава. Во ова натпреварување зад нас на второто место на табелата е токму  ППД Загреб. Во регионалната лига веќе речиси две години не сме совладани од загрепчани, последниот пораз од нив го претрпевме во декември 2016 година. На мечот ќе настапиме со силите со кои бевме во Полска, без Рожерио Мораес и Кристијан Дисингер кој остана во Скопје за да ги мине лекарските прегледи овој викенд. Од друга стана Борозан кој вчера не се наигра поради црвениот картон во раната фаза од дуелот ќе биде адут плус. Дуелот се игра утре  со почеток во 17:30 часот.