Кадетите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до втората последователна победа во лигата. Вечерва во спортската сала на факулетот за физичка култура, избраниците на Андријана Будимир славеа над екипата на Шампион, со резултат 20:23.
Добро започна мечот за вардарци, кои ги постигнаа првите два гола на овој дуел, но домашната екипа имапше добри минути кога направија серија од 4:0 и го превземаа водството. Предноста ја задржаа и во следните пет минути до моментот кога избраниците на Будимир го израмнија резултатот на 6:6. До крајот првото полувреме, тимот на Шампион се покажа како подобар на теренот. Стигна повторно до позитива од два гола (8:6) за момент Вардар да намали на еден гол негатива. До крајот на првиот дел видовме серија на домашната екипа од 5:1, за на одмор да се замине со резултат 13:8.
Сепак избраниците на Будимир не помислија да се предадат и во второто полувреме докажаа кој е Вардар. Следеше серија на црвено-црните од 0:6 за да направиме резултатски пресврт и да поведеме со 13:14. Во следните минути гледаме игра гол за гол, а победникот беше решен во последните пет минути кога Вардар се покажа како подобар. При резултат 19:19 направивме серија од 1:4 и на крајот славевме со резултат 20:23.
Најефикасен во нашиот состав беше Бојан Чакалиќ кој постигна 7 голови.
Вардар: Стојкоски, Мишевски, Чакалиќ 7, Павловски 1, Трајановски, Димитријевски, Чорогунов, Србиновски 4, Грујовски, Савревски 2, Пешевски, Димчевски 2, Мирчевски 2, Трифуновски, Пешевски 3, Калајџиески 2.