Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујин: Голема ракометна енергија во Скопје, тоа ме привлече во Вардар
Вујин: Голема ракометна енергија во Скопје, тоа ме привлече во Вардар

Вујин: Голема ракометна енергија во Скопје, тоа ме привлече во Вардар

Европскиот првак, РК  Вардар го дефинира  ростерот за  идната сезона по преземањето на клубот од г-н Михајло Михајловски.  Последното засилување  е збучно, станува збор за  искусниот десен бек, Марко Вујин.  Поранешниот репрезентативец на Србија, во изјава за „Балкан Хендбол“ ги дава своите први впечатоци за новата средина.

„Дефинитивно, Вардар е голем клуб и е актуелен шампион на Европа. Искрено, ме привлече новата приказна на чело со Михајло Михајловски. Голема ракометна енергија се чуствува во Скопје, а тоа ме потсетува на Веспрем и Кил. Тоа беше една од клучните работи да се преселам во Вардар, а секако и фактот што тимот е составен од многу квалитетни ракометари. Слушав само позитивни работи за условите во кои се работи, како и за градот и луѓето, што значи дека заедно би можеле да запишеме нови успеси во сезоната која следува- вели Вујин.