Новиот ракометар на Вардар, Марко Вујин во интервју за „Спортски Журнал“, вели дека Игор Карачиќ му кажал само позитивни работи за клубот, градот и салата. Исто така искусниот шутер потенцираше дека влегува во оваа приказна гладен за ракометните височини.
,,Ќе биде тоа враќање на нивото на ракомет во клуб сличен на оние во кои минав најголем дел од кариерата. Вардар во последните три години два пати беше првак во Европа, и се уште е шампион… ако дозволи Бог, да се среди ситуацијата со коронавирусот, сакам да заиграме пак во полна сала. Со Кил двапати гостував кај Вардар и се сеќавам на таа фантастична енергија, како на пример во Веспрем и Кил. Таму се дише за ракомет. Никогаш немам играно на Балканот, го одбрав Вардар да биде последна етапа во мојата кариера. Се надевам дека ќе ме посака и спортското здравје“, вели Вујин.
„Во неколку ситуации разговарав со претседателот Михајло Михајловски. Ми остави позитивен впечаток, а зборував и со играчи кои играле во Вардар кога тој претходно бил таму, велат дека е вљубен во ракометот. Разговарав и со Игор Карачиќ, ми кажа позитивни работи за клубот, за градот, за салата. Клубот се погрижи да ме чека се подготвено кога ќе дојдам. Имам само позитивни мисли и влегувам во оваа приказна гладен за ракометните височини. Ќе имам можност да се запознаам себеси повторно“, заврши Вујин.