На прес-конференцијата во Загреб пред дуелот на ППД Загреб кој ќе гостува во Скопје кај Вардар в четврток се одржа стандарна конференција за хрватскиот печат. Во С.Ц “Јане Сандански“ е закажан СЕХА-дуелот на македонскиот и хрватскиот ракометен шампион. На истата конференција екс тренерот на црвено -црните и љубимец на скопската публика Веселин Вујовиќ искажа став за својот однос со Комити. Тој вели :
- Неверојатно многу сум поврзан со тие луѓе, Комити ме обожаваат ги обожавам и јас нив, но искрено очекувам да не ми подготвуваат пречек како лани. Ланскиото доживување ќе го помнам додека сум жив, тоа е незаборавно, се надевам поздравувањето годинава ќе им биде пократко. Со сигурносt срдечно ќе ме поздрават и јас задолжително нив, но очекувам заради почит кон тренерот Раул Гонзалез, кои е сјаен човек и карактер треба поздравот да биде пократок и поумерен него лани. Јас нa мојте Комити им се радувам и одвај чекам да ги видам и да ги одпоздравам во четврток.
-