Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујо: Со пехар сакам да стартувам во Вардар
Вујо: Со пехар сакам да стартувам во Вардар

Вујо: Со пехар сакам да стартувам во Вардар

Вардар се подготвува за првиот домашен предизвик, Суперкупот ќе ја отвори сезоната на домашната сцена, а Вардар како бранител ќе се соочи со Еурофарм Пелистер. Тренерот  Веселин Вујовиќ, даде свое видување за овој предизвик. Натпреварот меѓу Вардар  и Е.Пелистер се игра утре,  среда, 11 август, со почеток од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

„Ни доаѓа првиот меч против Еурофарм Пелистер, директен конкурент за шампионската титула и лани играше важна улога и во Македонија и во Европа. И покрај тоа што ја темпираме формата за СЕХА-мечот со ППД Загреб, најважно за нас е да одиграме добар натпревар и обврска е да победиме за да го освоиме Суперкупот.

Во Вардар ќе недостастува шпанскиот репрезентативец Гурбиндо, кој до неодамна настапуваше на Олимписките игри во Токио.

Не размислувам каков ќе биде резултатот, знам дека навивачите сакаат да победиме со висока разлика, но ќе мора да видиме каква ќе ни биде формата на терен. Уште ни фали Гурбиндо, кој има право за настап, сакам моето враќање во Вардар по осум години да почне со пехар. 

Вујовиќ се надева дека во салата ќе има и навивачи и очекува израмнет натпревар против екипата на Еурофарм.

Не знам дали ќе има публика во СЦ „Борис Трајковски“. Секогаш е емотивно кога ќе се сретнам со „Комити“. Го респектираме Еурофарм Пелистер, сакам финале со нив и во Струга, таму ќе бидеме комлетни. Верувам дека ќе биде еден вистински европски натпревар. Во Суперкупот силите ќе бидат 50-50. Тоа е добро за мене, затоа што ќе можам да видам како ќе реагираат и играат некои играчи- изјави Вујовиќ.