Уште малку останува до големиот ракометен спектакл и полуфиналниот натпревар на Вардар, во лигата на шампиони. Барселона е последна пречка за црвено-црните, кон пласманот во големото финале. Вардар и со самото учество на Ф4 го направи најголемиот успех на една машка екипа во Македонскиот ракомет, но сега има шанса и да оди чекор понапред. Кратко мислење за денешното полуфинале, даде поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ кој истакна дека ќе навива за црвено-црните.
-Со цело мое срце ќе навивам за Вардар. Мислам дека денес Барселона ќе биде совладана. Очекувам финале Вардар- ПСЖ, а кој ќе слави на истото, навистина не знам.