Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (ФОТО) Со победи на Ангели и Бисинов (1) стартуваше новата сезона во ракометната „Јуниор Лига“
(ФОТО) Со победи на Ангели и Бисинов (1) стартуваше новата сезона во ракометната „Јуниор Лига“

(ФОТО) Со победи на Ангели и Бисинов (1) стартуваше новата сезона во ракометната „Јуниор Лига“

Утрово во малата сала на С.Ц. Јане Сандански стартуваше новата сезона во ракометната „Јуниор Лига“.

Денешната програма стартуваше со два меча во машкиот дел, кај генерацијата родени 2008/09 година. До победи стигнаа екипите на Ангели и Бисинов (1)

На првиот дуел екипата на Ангели убведливо ја совлада екипата на Бисинов (2). На овој дуел, Ангели беа доминантни и славеа со убедливи 2:23. Се играа две полувремиња по 15 минути. По првото полувреме, екипата на Ангели имаше убедлива предност од 0:15. Првиот гол, тимот на Бисинов (2) го постигна во 17 минута кога го намали резултатот на 1:17. До крајот на мечот постигнаа уште еден гол, додека избраниците на Силвана Миленковиќ додадоа уште шест, па на крајот од мечот конечниот резултат гласеше 2:23.

Екипата на Бисинов (1) го доби својот меч против екипата на ОПШ.Кисела Вода со резултат 17:15. На стартот од мечот, екипата од Велес ја направи потребната разлика кога поведе со 4:0, па во продолжение од мечот беше тешко да се стигне водството. Истава позитива ја имаа и при резултат 6:2, 8:4 и 11:7. На полувреме, Бисинов исто така беше во позитива од четири гола, резултатот гласеше 12:8. И во второто полувреме, избраниците на Никола Бисинов имаа контрола на резултатот и ја одржуваа предноста. Намали за момент екипата на Кисела Вода на 13:10, но тимот на Бисинов врати со два гола во серија и зголеми на 15:10. Во последните минути од мечот, Кисела Вода намали на 16:14, но немаше време за поголеми возбудувања, победата им припадна на Бисинов (1) кои славеа со резултат 17:15.

1 2 3 4 5 6 7 8