Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Започнува нова европска битка, за историскиот пласман во Келн
Започнува нова европска битка, за историскиот пласман во Келн

Започнува нова европска битка, за историскиот пласман во Келн

Денес конечно започнува новата сезона во лигата на шампионите за црвено-црните. Првиот натпревар ќе го одиграат за помалку од 1 час во Франција, против екипата на Монпелје. Противникот ни е добро познат од минатата сезона, кога имавме можност на два пати да се сретнеме. Првиот дуел во Франција, тогаш заврши со поделба на бодовите, а на вториот во Скопје без поголеми проблеми забележивме победа.

Сигуно дека очекувањата на сите во новата сезона, се Вардар да оди едно скалило погоре од претходните две години. За таа цел, летово во клубот беа донесени пет нови засилувања, кои би требало да го подигнат нивото на игра и да покажат завиден квалитет. Гонзалес на располагање има голем број на подеднакво квалитетни играчи, кои во секој момент треба да одговорат на играта која тој ја наметнува. Ако претходните две години проблем беше можеби “претенката“ клупа, тоа не е случај во новата сезона. На секоја позиција имаме по најмалку двајца добри играчи, со различни карактеристики и стил на игра.

Патот кон историскиот пласман во Келн, ќе биде долг но и многу тежок и макотрпен за нашиот шампион. Во групната фаза, имаме можност да играме со големи великани на ракометната игра. Секој меч ќе има своја тежина, но и посебна приказна на теренот. Нашите момци се подготвени да одговорат на секој предизвик и да се надигруваат со било кој противник. Играчите се “гладни“ за успеси и трофеи, веќе во спортот нема изразити фаворити. Тоа се докажува на теренот со игра, желба и со борбеност за црвено-црниот дрес.

На денешниот дуел, ќе недостасуваат Ангелов, Лазаров и Горбок. Во составот, прв пат за оваа сезона се враќа Страхиња Милиќ. Ние веруваме во овие момци дека денеска ќе не израдуваат со една голема победа, која многу ќе значи на самиот старт во лигата на шампионите. Веруваме и дека ќе ни приредат уште една незаборавна сезона во најголемото натпреварување, со добри игри и резултати за Вардар. Секако голем удел во тоа, ќе имаат навивачите и најверните “Комити“ кои со нетрпение го очекуваат првиот натпревар на домашен терен.