Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (Фото) Многу екипи, само еден победник!

(Фото) Многу екипи, само еден победник!

rkvardarОвој викенд, започнуваат возбудувањата од новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Оваа година, исто како и минатата, голем број на екипи ќе учествуваат во елитата. Покрај двете главни групи, и оваа година ќе имаме уште две групи во улога на ауцајдери.

Вардарци походот во новата сезона ќе го започнат во Шведска, против добро познатиот тим на Кристијанштад. Со тимот од Шведска игравме два натпревари минатата сезона и на двата излеговме како победник.

Овој натпревар ќе биде одигран в недела со почеток во 16 часот и 15 минути. Очекуваме успешно отварање на сезоната за нашите момци, кои важат како четврти фаворит за освојување на Лигата на шампионите.