Годинава за првпат во историјата на Ф4 турнирите во ЛШ ќе има три екипи од иста земја, пласман во Келн обезбедија Нант, ПСЖ и Монпелје. Покрај нив единствен тим што не е од Франција а ќе игра на Ф4 турнирот е нашиот Вардар. Ние на овој турнир идеме како актуелен европски првак кој е исто така и прв тим што во последните четири години успеава по освојување на титулата повторно да се пласира во завршницата и да го брани трофејот.
Во ждрепата за формирање на полуфиналните парови според пропозициите сите четири екипи ќе бидат во еден барабан и нема да има привилегирани. Ждрепката за полуфиналните двојки на Ф4 ќе одржи задутре, 2 мај во Келн во 12-00 часот во хотелот Радисон Блу.
Саатниците за играње на натпреварите се 15-15 часот и 18-00 часот. Полуфиналните средби се закажани за 26 мај, а финалето е на 27 мај во Келн.