Ова лето по заминувањето на Лука Циндриќ и Кањелас црвено-црниот ракометен тим остана со помал избор на средната бековска позиција. Таму е таргетот за ново засилување, “пикиран“ на истата од нашиот тим е Дмитри Житников од ПИК Сегед. Во изјава за медиумите рускиот интернационалец потврди дека има интерес од Скопскиот тим за негов ангаржман:
Точно е имам понуда од Вардар, истата се уште е актуелна. Добив понуда за преселба во Скопје, но имам и валиден договор со ПИК Сегед. Не сакам да ги оставам работите на половина пат, незавршени. Договорот мој беше една плус една година, но не сме се договориле за продолжување на престојот- вели Житников.