Вардар како во ревијален натпревар без голема борба успеаа да се пласира во финалето на купот на Македонија. Во С.Р.Ц Кале црвено-црните забележаа висок триумф против тимот на Зомимак. Иако гостите во три наврати имаа водство, сепак не беа дораснат противник до крај за нашата екипа. Вардарци на моменти го забрзуваа темпото на игра и засилувајќи во одбраната до полувремето имаа висока предност. Гостите од Струмица последната предност ја имаа во 15 мин, кога со погодокот на Милосављевиќ поведоа со 7:8 Од тие моменти Вардарци ја преземаа целосно играта, па за брзо направија серија од 4:0 за водство од 11:8. Штербик до тие моменти имаше 8 успешни интервенции. Стрелците во нашите редови се менуваа како на филмска лента, Зомимак неможеше да одговори на добрата игра на Вардар. Предноста се повеќе растеше, Дибиров со својот трет погодок зголемува на 21:12. На полувреме се замина со двоцифрена предност 24:14.
Второто полувреме започна со нова голема серија на црвено-црните. Шишкарев почнува на десната крилна позиција, па со неговиот гол веќе имаме високи 31:14. Штербик продолжува со одличното издание и веќе нанижа 14 одбрани. Зомимак својот прв гол во вториот дел, го постигнува дури во 38 минута. Шишкарев за неполни 9 минути поминати на теренот успева да постигне дури пет погодоци. Во 40 минута, Вардар стигнува и до позитива од 20 голови, со голот на Марковиќ (35:15). Дефинитивно оваа сезона избраниците на Гонзалес поставија рекорд во постигнување на голови. До 48 минута броеаа до 40 постигнати голови (40:18). Половина од погодоците беа постигнати од контра напади, дури 24 од 42 голови во мрежата на Зомимак беа од брзи контра напади. Конечниот резултат гласеше 46:25. Шишкарев постгна 10 голови, Штербик имаше 20 одрабни.
Вардар во големото финале на националниот куп, ќе се сретне со екипата на Металург. Финалето ќе се игра во сабота, во С.Ц. Јане Сандански.