Новиот женски кошаркарски шампионат на Македонија ќе започне на 10 октомври. Во првиот дел ќе се одиграат 14 првенствени кола, а по одигрувањето на првата фаза (дома и гости, по еден натпревар) најдобрите три екипи од двете групи ќе се пласираат во Лигата за првак, која ќе стартува со пренесени бодови освоени во првиот дел од натпреварите.
По одигрувањето на оваа втора фаза, првопласираните четири екипи ќе обезбедат пласман во плеј-офот и ќе се борат за шампионската титула. Екипите кои ќе завршат од четвртата до седмата позиција во двете групи, ќе продолжат со натпреварувањето во плеј-аут лигата која ќе брои осум екипи, а ќе почне со пренесени резултати од првиот дел.
Најдобрите две екипи во плеј-аут лигата ќе обезбедат опстанок, односно ќе бидат дел од Првата лига-жени за сезоната 2021/22, која ќе има осум учесници. Преостанатите шест екипи, заедно со други, односно ново пријавени екипи ќе бидат составен дел од Втората лига, во сезоната 2021/22.
Прво коло:
Запад
Пантери – Шкупи
Бадел 1862 – Работнички
Гостивар – Струга 2009
Трокал – слободен
Исток
Патриот – Куманово
Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром
Вардар – Пробаскет
Баскет КАМ – слободен