Во заостанатиот натпревар од првиот дел на сезоната, КК Вардар М16 го одиграа во саботата , славевме со убедливи плус 20 против екипата Партизан МШ. Ние на овој гостински дуел доминиравме во сите аспекти на кошаркарската игра.
Четири момци во црвено-црниот колектив успеаа да погодат 68 поени од нашите 80 на оваа средба. Одлична партија на средбатаа имаа Атанасов (23 поени), Несторовски (16 поени), Николовски (15 поени) и Гацов (14 поени). Тренерот Јованчев Александар кој е избран за најдобар младински тренер во 2018 одлично го диригираше тимот од клупата.