Monday ,16 December 2019
Последни:
Home > Uncategorized > Костиќ: ОК Вардар има победнички дух
Костиќ: ОК Вардар има победнички дух

Костиќ: ОК Вардар има победнички дух

Младиот одбојкар на Вардар, Лука Костиќ е задоволен од можноста што ја доби преку клупските настапи да избори место во македонската репрезентација.

Сакав да сум дел од голем клуб каде што ќе стекнам поголемо искуство и ќе станам подобар играч. Го одбрав ОК Вардар како најпрофесионален тим кој што има победнички дух. Планирам ова лето да играм со сениорската репрезентација каде што сум повикан да настапувам на Европско првенство- вели Костиќ.

Седумнаесет годишниот одбојкар со Вардар во новата сезона ќе настапува во челинџ купот на ЦЕВ. Со македонската репрезентација Костиќ го очекуваат натпревари на Европското првенство во четири држави Словенија, Холандија, Белгија и Францијa.