Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Куп: Завировски ќе настапи во финалето
Куп: Завировски ќе настапи во финалето

Куп: Завировски ќе настапи во финалето

 Викендов на 22 и 23 мај на националната арена „Филип втори Македонски“, атлетската федерација на Македонија ќе го организира финалето на атлетскиот Куп. Вардаровиот атлетичар Петре Завировски ќе настапи на финалните трки на 10.000 метри и 5.000 метри.

Стартот на трката на 10.000 метри е закажан за сабота со почеток во 17-50 часот. Стартот на трката на 5.000 метри е закажан за недела во 10-10 часот. Финалето на Купот се поклопува со терминот за трката на поезијата во Струга. Завировски беше пријавен за тој настан, но сепак дава предност на финалето на Купот.

Инаку формата на вардарецот е одлична минатиот викенд истрча одлично на 3.000 метри со резултат 9-47, претходно на националното првенство на 10.000 метри трчаше 37-00 минути. Имаше одлични настапи на почетокот на сезоната на меморијалниот крос Методи Веновски Мето и на трката организирана од Армијата на Република Македонија.