Македонскиот репрезентативец и борач на Вардар, Магомедгаџи Нуров имаше свој настап на Светското првенство во борење во Унгарија пред околу еден месец. Во категоријата до 97 килограми прв противник му беше рускиот борач Абудлрашид Садуелаев. Нуров наспроти себе имаше борачот кој беше трикратен Светски шампион кој има и олимписко злато, а по крајот на планетарниот собир дојде и до четвртата титула. Тоа видео ви го донесуваме сега.
