Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Деби победа за ЖОК Вардар ЕМ во 1.лига, триумф во Струмица
Деби победа за ЖОК Вардар ЕМ во 1.лига, триумф во Струмица

Деби победа за ЖОК Вардар ЕМ во 1.лига, триумф во Струмица

ЖОК Вардар ЕМ во оваа сезона е дел од првата одбојкарска лига, тие изминатата сезона со одличнот настап во Втората лига обезбедија бараж во кој го исфрлија прволигашот Пелистер и влегоа во елитата.

Во воведените две кола го платија данокот на неискустворо во оваа конкуренција, вчера во 3.коло и тоа како гости дојдоа до прв триумф. Гостувавме во салата „Видео Подгорец“ во Струмица кај тимот на ОК Македонија Макс, на еден дуел на кој нашиот млад тим покажа квалитет дојдовме до максимална победа, остваривме триумф со резултат 0-3 на оваа средба.

Честитки до девојките и стручниот штаб на црвено-црните.