Sunday ,13 October 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Завировски со одличен резултат на Скопскиот Маратон
Завировски со одличен резултат на Скопскиот Маратон

Завировски со одличен резултат на Скопскиот Маратон

Викендов, на  3 октомври низ скопските улици се одржа Скопскиот Маратон. Свое учество земаа околу 7.000 натпреварувачи од 40 држави.

Нашиот атлетичар Петре Завировски покажа класа за себе истрча одличен полумаратон. Патеката долга 21.097км ја мина за 1:22:58. Ова е одлично време вардарецот е се поблиску до соборување на личниот рекорд.

По завршување на трката Завировски изјави:

Се чувствував одлично во текот на целата трка. Имавме идеални временски услови, одлична организација и многу брза патека. Конкуренцијата е одлична имавме соборување на државниот рекорд во маратон во машка и женска конкуренција. Честитки до Дарио и Андријана. Што се однесува до мојата трка. Како што најавив пред трката на 10км имав пролазно време од точно 40 минути. Ја сочував свежината и постепено забрзував. Вториот дел од трката го минав за 2 минути побрзо од првиот дел. Така по пат успеав да минам неколку тркачи кои имаа проблеми со заморот. Од резултатот сум пре задоволен 1:22:58 е одлично време. Ова ја враќа мојата самодоверба на многу високо ниво. Мислам дека за брзо ќе го нападнам мојот личен рекорд на полумаратон од 1:17:10 кој го истрчав во 2016 година во Подгорица. Сезоната сеуште не е завршена. Имаме сеуште трки на пат, доага сезоната на крос кантри. Ќе бидам уште по конкурентен во продолжение на сезоната.