Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Филип Блажовски, второ засилување за OK Вардар
Филип Блажовски, второ засилување за OK Вардар

Филип Блажовски, второ засилување за OK Вардар

OK Вардар продолжува да се засилува во пресрет на новата натпреварувачка сезона. „Црвено-црните“ по средниот блокер Клопчевски денеска официјализираа уште еден трансфер, враќајќи го назад во старото јато коректорот Филип Блажовски.

Станува збор за играч кој во минатото го носеше дресот на Вардар, а ланската сезона ја мина во редовите на Борец Велес. Нема сомнеж дека популарниот Боске ќе биде одлично засилување за „црвено-црните“ и своето искуство ќе го пренесе на помладите играчи.

„Среќен сум што се враќам назад во Вардар и со нетрпение очекувам да почне сезоната и да стартуваме со официјални натпревари. Ќе дадам се за да помогнам на клубот во остварувањето на зацртаните цели“, изјави Филип Блажовски.