Monday ,14 October 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖКК Вардар тргна со пораз во плеј-офот
ЖКК Вардар тргна со пораз во плеј-офот

ЖКК Вардар тргна со пораз во плеј-офот

Кошаркарките од Аеродром имаа подобро второ полувреме во кое негативата од првото, ја претворија во почетен капитал во четвртфиналчната серија од плеј-офот против Вардар.

ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ   68:73 (0-1)

Гостинките ја добија првата четвртина со (19:16), Вардар стигна до предност од (29:27), кога се играше 18.минута, за полувремето да биде затворено со нешто повисока предност за екипата-домаќин (36:32).

„Вардарки“ беа во предност и по 24. минути од играта (43:38), но во финишот на овој период, МЗТ Скопје Аеродром најави пресврт, и по серијата од (11-3), поведе, макар и со минимални (47:46). А тој дел од играта да заврши со плус 2 за гостинките од Аеродром (52:50).

Во четвртината на одлука, „сино-белите“ прво имаа и вишок од пет поени (58:53), кога се играше 33.минута.  Но Вардар се врати, намали на (60:61). Сепак, новите шест поени, четири од нив, дело на искусната Живковиќ, го одбија тој налет на домашниот состав, кој во меѓувреме остана ослабен бидејќи ја загуби младата Начевска. Ја вратија предноста на сигурно растојание (67:60), и успешно финишираа.

Доволно за голема победа и почетно водство во оваа серија во коај со евентуална победа на вториот меч, избраничките на тренерот Вела Красниќ, ќе се пласираат во полуфиналето, и ќе го напаѓаат и вториот трофеј во оваа сезона.

Митрева и Симонс дадоа по 17. поени за МЗТ Скопје Аеродром, Ли имаше 15, а Живковиќ заврши со десет реализации, додека пак на другата страна, онаа на Вардар, Ѓорѓиевска постигна 18.поени, Деловска, додаде 14, а Зафировска уште 12.