Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар потфрли целосно со Слога 2-2(0-1)
Вардар потфрли целосно  со Слога 2-2(0-1)

Вардар потфрли целосно со Слога 2-2(0-1)

На дебито на клупата на црвено – црните новиот кормилар Гоце Седловски неуспеа да забележи победа на премиерниот меч во Првата македонска лига со тимот на Слога од скопски Чаир одигравме за жал само 2:2 пот.

Седлоски се одлучи за напаѓачкиот тандем Блажевски – Стојков-Асани , а зад нив е бразилецот Филипе да го стартуваат мечот за Вардар од клупа чека новото засилување Ромеро . Вардар прв почнува да атакува да го отвори резултатот имаат и два корнера нашите момци . И ако вардарци доминираат сепак во 22 минута студен туш по еден одлично изведен аут Нухији со волеј удар го отвара резултатот , 0-1 поведува Слога . Димашните атакуваат на изедначување  но Хамбраџумјан и Филипе не успеваат во својте обиди . До крај целосно играта е преместена пред 16-те метра на гостите и Асани не успева да изедначи со предноста од 22рата минута на гостите од Чаир се заминува на одмор .

Во вториот дел има измена во составот на Вардар.  Влегува најновото засилување  Ромеро на местото на Асани. Нашите момци се во целосна офанзива на почетокот од вториот период но Слога одолева . Никако да се изедначи резултаот на Филип Втори Седлоски го повлекува вториот потег од клупата  игра излегува Стојков, на негово место влегува Фичо Ивановски. Се редат шанси  преку Мијушковиќ и Филипе Вардар неуспева да погоди. Конечно гол и тоа од 11 метри по играњето со раката во казнениот простор на гостите успешен реализатор Блажевски во 66 минута . Прекасна атмосфера на западната трибина по извадената кореографија димнијада на Комити . Дефинитивно тргнавме да го освоиме “целиот плен “ на овој меч целосна дефанзива на Слога пред нашите налети Попов ја погаѓа стативата, очигледно чаирчани се дојдени да го бранат својот гол со класичен “бункер“ очекувајќи да изненадат од контранапад . Фортуната е на страната на Слога од само 7-8 метра со глава бразилецот Ромеро ја упатува топката во пречката . Извршена е и последната измена во нашиот табор во игра влегува  Глишиќ на местото на Дашјан . Нашите атаци се постојани виси водство во воздухот на нашиот најголем стадион . И дојде конечно тоа долго очекувано водство нашиот дијамант Ивановски дава гол во 6-7 метра по една нафрлена топка по земја од десната страна .И сите очекуваа да заврши мечот со овој резултат следува студен туш гол на Слога во 90 сетата минута . Со голот на Османи за 2-2 се заврши скопското дерби . Залудна беше нашата доминација на мечов кога гостите од две полу-шанси успеаа да останат непоразени .

ЕДИНСТВЕНО НА ОВОЈ МЕЧ КОМИТИ БЕА НА НИВО НА ЗАДАЧАТА  БРАВО !