Лош почеток денес за црвено – црните против повратникот во најсилната македонска фудбалска конкуренција Слога . За жал огромниот број шанси не беа доволни да се однесе победата и мечот заврши со реми 2-2 (види).
Нашиот конкурент за титулата по сите очекувања тимот на тетовска Шкендија денес победи со другиот нов член на ПМФЛ ФК Царев Двор со сигурни 3:1 и веќе во првото коло ни се одлепи на два бода . Знаејќи дека не чека тешка битка со тетовчани секој бод минус е проблем , но вистинскиот проблем е следниот меч кој не очекува . Засилената Шкендија не пречекува на домашен терен во еден вака лош момент и недајбоже со нивни триунф би се одлепиле на огромни пет бода предност за само две кола . Се надеваме дека нашиот нов кормилар Седлоски и остатокот од тимот ќе се издигнат над овој денешен неуспех и во Кичево ќе однесат победа во дирекното соочување со тетовци . Треба да се напоме дека не чека густ распоред веќе во среда играме меч од 1/16 финалето на купот на Македонија на гости кај тимот на ФК Кожув , а по Шкендија не чека суперкупот со Работнички и ако тој дуел “виси“ заради продолженото европско лето на “Романтичарите “ .