На вчерашниот меч одигран на Арената Филип втори помеѓу ФК Вардар и тимот од скопски Чаир ФК Слога најверните подржувачи на црвено – црните му одадоа почит на загинатиот млад македонски фудбалер Александар Пандовски – Пандо .
Комити не го заборавија ова дете на вардаровата школа кое настапуваше за нашиот тим и во моментите кога целосно ФК Вардар беше без финансии и испадна од првата македонска фудбалска лига . Пандо одигра и година потоа кога се закитивме со титулата Шампион на Македонија во тимот предводен од Илчо Ѓорѓиевски . Комити на својата трибина имаа поставено парола на која пишуваше :
-ПОЧИВАЈ ВО МИР ПАНДО – ЗАПАДОТ НИКОГАШ НЕМА ДА ТЕ ЗАБОРАВИ -
ФОТО : FB> Вардар-фото галерија