Вчера на 9-ти август на Водно со почеток во 9 часот се одржа Државното првенство во планинско трчање на Македонија . Кое воедно е изборно за балканското првенство во планинско трчање кое што ќе се одржи во Романија на 15 август, на истото и нашиот учество зема и атлетичарот на Вардар младиот Завировски.
Нашиот атлетичар Петре Завировски на ова државно првенство настапи во сениорска конкуренција. Патеката долга 12 километри ја мина за време од 1:01:10 што беше доволно за освојување на 4 место кое што му носи реални шанси за настап на балканското првенство во планинско трчање. Воедно Завировски беше единствениот вардарец на овој натпревар.