Ракометниот клуб Вардар со три екипи, две женски и машката сениорска ќе земе учество на завршните Ф4 турнири во Купот на Република Македонија. Првите тимови ги браната ланските круни и се фавориити за нивно освојување. Ова се двојките кои беа извлечени денеска во просториите на Ракометната федерација на земјата.
Европскиот првак и актуелен освојувач на Куп на Македонија во машка конкуренција, РК Вардар во полуфиналето од Ф4 турнирот кој ќе се одржи во Битола (18-19 мај) ќе се сретне со домашниот тим на Пелистер. Во вториот натпревар се сретнуваат Еурофарм и Металург. Во женска конкуренција Ф4 турнирот ќе биде организиран во Скопје (19-20 мај), и овде ривал на ЖРК Вардар е тимот на Пелистер. Младите вардарки од Вардар јуниор ќе се обидат да го совлаадаат ЖРК Металург и да обезбедат “сестринско финале“.