Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар рутински го совлада Охрид и стигна до нова победа во супер лигата
Вардар рутински го совлада Охрид и стигна до нова победа во супер лигата

Вардар рутински го совлада Охрид и стигна до нова победа во супер лигата

Вардарци стигнаа до шесттата последователна победа во супер лигата, откако попладнево славеа на домашен терен против екипата на Охрид 2013. Избраниците на Раул Гонзалез славеа убедливо со резултат 34:18.

Натпреварот започна со по два гола на двете страни, најпрво поведе Вардар со 2:0, за гостинската екипа да врати на ист начин и да го израмни резултатот. Од тие моменти па се до крајот на првото полувреме, екипата на Охрид постигна само пет голови. И на овој меч настапивме во комбиниран состав, недостасуваа Штербик, Дибиров, Борозан, Македа и Фереира. Сепак тоа не претставуваше проблем за црвено-црните да направат серија од 13:3. До крајот на првиот дел, противникот постигна два гола и на одмор се замина со резултат 15:7. Во вториот дел, нашиот шампион направи серија од 7:2 и веќе во 40 минута поведе со 22:9. До крајот на натпреварот се беше рутина за црвено-црните кои само го зголемуваа водството. На крајот конечниот резутат гласеше 34:18.

Најефикасен во нашите редови беше Кристопанс кој постигна пет голови, додека по четири постигнаа Војводиќ, Дибиров и Недановски.

ВАРДАР: Милиќ, Ѓорѓески, Стоилов 3, Недановски 4, Поповски 1, Кристопанс 5, Карачиќ 2, Абутовиќ, Канељас 2, Циндриќ 3, Чупиќ 3, Дибиров 4, Шишкарев 1, Војводиќ 4, Марсениќ 2.