Најголемата опасност по голот на Лејно и Суслина в сабота во Будимпешта треба да доаѓа од сестрата на вардаровото крило Кузњецова, Ана Вјахирева.
23-годишната Вјахирева игра одлична сезона во тимот на Ростов и без сомнение е главен играч на овој руски тим. Вјахирева по позиција е десен бек и има “само” 162cm, но во голем дел од натпреварите игра и како централен бек и разигрувач на тимот.
Дека Ана Вјахирева има фантастична сезона покажуваат и бројките, за разлика од минатите сезони кога постигнуваше воглавно по 30-сетина голови, оваа сезона Вјахирева до овој момент е стрелец на 63 погодоци во ЛШ што ја прави далеку најефикасен играч во својот тим.
Останува да видиме како Вјахирева ќе одигра в сабота против нашиот Вардар.