Вардарци стигнаа до шесттата последователна победа во супер лигата, откако попладнево славеа на домашен терен против екипата на Охрид 2013. Избраниците на Раул Гонзалез славеа убедливо со резултат 34:18.
Натпреварот започна со по два гола на двете страни, најпрво поведе Вардар со 2:0, за гостинската екипа да врати на ист начин и да го израмни резултатот. Од тие моменти па се до крајот на првото полувреме, екипата на Охрид постигна само пет голови. И на овој меч настапивме во комбиниран состав, недостасуваа Штербик, Дибиров, Борозан, Македа и Фереира. Сепак тоа не претставуваше проблем за црвено-црните да направат серија од 13:3. До крајот на првиот дел, противникот постигна два гола и на одмор се замина со резултат 15:7. Во вториот дел, нашиот шампион направи серија од 7:2 и веќе во 40 минута поведе со 22:9. До крајот на натпреварот се беше рутина за црвено-црните кои само го зголемуваа водството. На крајот конечниот резутат гласеше 34:18.
Најефикасен во нашите редови беше Кристопанс кој постигна пет голови, додека по четири постигнаа Војводиќ, Дибиров и Недановски.
ВАРДАР: Милиќ, Ѓорѓески, Стоилов 3, Недановски 4, Поповски 1, Кристопанс 5, Карачиќ 2, Абутовиќ, Канељас 2, Циндриќ 3, Чупиќ 3, Дибиров 4, Шишкарев 1, Војводиќ 4, Марсениќ 2.