Младата сениорска екипа на ракометниот клуб, Вардар Јуниор денес во рамки на плеј-аут сегментот од Супер лигата е домаќин на тимот на РК Радовиш од истоимениот град. Радовишани во плеј-аут сегментот се лидери на табелата и се благи фаворири во овој натпревар.
Дуелот се игра денес, 10.мај во Спортскиот центар “Кале“ -Скопје со почеток во 18-00 часот. Црвено-црните избраници на Стојан Петрушевски се на треттата позиција на табелата со 16.бода и се на три плус од “фенерџијата“ РК Прилеп кој е на местото кое не гаранира опстанок во лигата. Вардарци се во добра серија од два меча без пораз, во првиот одиграа реми кај Металург-2, а во вториот го совладаа дома ГРК Борец од Велес.