Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Несреќен пораз на Вардар Јуниор, во дуелот со екипата на Радовиш
Несреќен пораз на Вардар Јуниор, во дуелот со екипата на Радовиш

Несреќен пораз на Вардар Јуниор, во дуелот со екипата на Радовиш

Екипата на Вардар Јуниор го загуби својот натпревар против екипата на Радовиш, во рамките на плејаутот од супер-лигата. Попладнево на Кале младите избраници на Стојан Петрушевски во неизвесен меч беа минимално поразени со резултат 26:27.

Првиот гол на натпреварот го постигна Вардар Јуниор и тоа со удар од седум метри, откако прецизен беше Стефан Трпчевски за водство од 0:1. Сепак во следните девет минути, избраниците на Петрушевски не успеваат да го пронајдат патот до противничката мрежа, наспротив Радовиш кој прави серија од 0:4, со што го превзема водството (1:4). Тоа беше знак за тренерот на Вардар Јуниор, Петрушевски да побара тајмаут. Ја прекинавме лошата серија и по 10 минути игра го постигнавме вториот гол преку Дејан Кулуковски, за намалување на резултатот, но гостинскиот тим сврза два погодоци и поведе со највисоки четири голови разлика (2:6). Во следните десет минути следиме подобра игра за нашиот млад состав, кој најпрво со нов погодок на Кулуковски смали на 4:6, за подоцна да дојде и до само еден гол негатива (8:9) кога погоди Марко Мишевски. Вардар одржуваше резултатска неизвесност се до последните шест минути, кога Радовиш имаше само гол предност, но тие имаа подобар финиш и со серија од четири последователни голови поведоа со 10:15, за првото полувреме со гол да го заврши нашиот лев бек, Мишевски, кој го постави резултатот од 11:15 на полувреме.

Во вториот дел, по пет минути игра ја преполовивме негативата на само два гола (14:16), кога погоди од пенал, десниот бек на Јуниор, Стефан Трпчевски. Избраниците на Петрушевски храбро се бореа против повозрасниот и поискусен Радовиш и не дозволија предвреме да биде решен победникот.Благодарение на неколку одбрани на нашиот голман, Никола Кизиќ, повторно успеваме да се доближиме на само еден гол негатива (19:20) во 45 минута од мечот, што беше знак за противничкиот тренер да побара минута одмор. Јуниор пропушти два напади за израмнување, а тоа го казни Радовиш, кој поведе со 19:21. Влеговме во незивесна завршница кога со погодокот на Кулуковски го израмнивме резултатот на 22:22. Сепак Радовиш повторно се одлепи на два гола предност (24:26), но вратија Вардар Јуниор за ново израмнување од 26:26, кога погоди Димов, но истиов играч поради прекин на нападот на Радовиш во последните секунди, беше казнет со седмерец за гостинот, кој успешно го реализира во последните десет секунди, за на крајот да слават минимално со резултат 26:27.