Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пораз во финалето од Металург, младинците на Вардар се вицешампиони на Македонија
Пораз во финалето од Металург, младинците на Вардар се вицешампиони на Македонија

Пораз во финалето од Металург, младинците на Вардар се вицешампиони на Македонија

Младинците на РК Вардар не успеаа да станат шампиони во младинската лига, со оглед дека загубија во големото финале од домашниот тим на Металург 2, кој беше организатор на завршниот турнир на најдобрите четири екипи.

Вардар има за што да жали со оглед дека имаше предност цели 54 минути, кога му дозволи на големиот ривал да го превземе водството. По првото полувреме имавме предност од 10:13 и изгледаше дека сме зрели за да ја освоиме шампионската титула и да ја прекинеме доминацијата на Металург во младинската конкуренција. Сепак во второто полувреме потфрливме, со оглед дека постигнавме само осум голови, што се малку за една екипа да стане шампион на Македонија. Металург трпеливо ја топеше негативата и на крајот направи резултатски пресврт, предност која ја задржа до последната секунда од финалето. На крајот триумфираа со резултат 23:21.

Вардар ги имаше само расположените Васе Наков кој постигна седум, како и Ален Ќосевски со шест погодоци, кои се истакнаа во финалето. Токму Ален Ќосевски влезе во најдобриот тим на Ф4 турнирот, како најдобро десно крило.

Вардар: Мишоски, Анѓелковиќ, Миланов, Ќосевски 6, Митевски, Крстевски, Петкоски, Олтовски, Бикоски 1, Тушев, Мисаилевски, Радуловиќ, Милошевски 3, Ѓоргиев 3, Наков 7 и Мицановски 1.

Третото место е за тимот на КЛ-7 Струга, кој во малото финале беше подобар од тимот на ГРК Борец, со резултат 21:19, откако на полувреме резултатот беше израмнет (10:10).