На завршниот турнир во “Јуниор“ лигата, кај генерацијата родени 2004/05 година првото место му припадна на тимот на Илинден, кој го одбрани трофејот во ова натпреварување. Избраниците на Дарко Јанев во големото финале го победија тимот на Карпош од Куманово. Претходно во полуфиналето беа подобри од тимот на Урдаревски. Во следното интервју ќе ве запознаеме со голманот на шампионскиот Илинден, се работи за Никола Спасовски, кој инаку е дел и од пионерската селекција на РК Вардар. На завршниот турнир во “Јуниор“ лигата, Никола заслужено го понесе признанието за најдобар голман.
1. Од каде произлезе желбата да тренирате ракомет и зошто баш на позицијата голман ?
-Кога бев помал гледав ракометни натпревари па така ми се појави желбата баш за овој спорт. Во ракометниот клуб Илинден почнав да тренирам како среден бек, но не се пронајдов на таа позиција па,после една година се префрлив на позицијата голман на која денес сум успешен.
2. На колку години започнавте да играте ракомет и дали Илинден е вашата прва школа каде започнавте ?
-Илинден е мојата прва школа каде ги направив првите почетоци со ракометот. Тренирам од мојата деветто годишна возраст и веќе четири години сум дел од РК Илинден.
3.Колку години сте дел од “Јуниор лигата“ и кое е вашето мислење за овој проект на Вардар ?
-Ова ми беше третта година во “Вардар Јуниор Лигата“ и мислам дека овој проект е одличен и дека ќе има уште таленти кои допрва ке се препознаваат и откриваат. “Јуниор Лигата“ ми помогна да го покажам својот талент, а со тоа да станам подобар голман.
4. Дел сте од новоформираната пионерска екипа на РК Вардар, кој ви ја соопшти веста дека ќе станете дел од најголемиот клуб во Македонија ?
-Дел сум од пионерската селекција на Вардар, во која не водат тренерите Зоран Петковски и Никола Бисинов. Веста ми ја соопшти мојот тренер Дарко Јанев со кој работевме напорно за да стигнеме до овде каде што сме сега.
5. Како ја оценуваш сезоната во “Јуниор“ лигата, на Ф4 турнирот освоивте првото место со триумфот во финалето против екипата на Карпош од Куманово ?
-Оваа сезона во Вардар Јуниор лигата ја изигравме одлично го освоивме 1-то место.Во финалето се сретнавме со Карпош Вардар од Куманово кои беа доста добар противник, кој успеавме да го совладаме. Сметам дека заслужено победивме со оглед дека имавме предност уште од првата, па се до последната минута од мечот. Овој дуел го добивме бидејки влеговме на терен со мисла дека треба да ја одбраниме шампионската титула и по втор пат да ја освоиме лигата.
6. Што е она највпечатливото од настапите во “Јуниор“ лигата ?
- “Јуниор“ лигата освен по освоното прво место ке ја паметиме и по дружењето со децата од другите градови и ракометни школи.
На Ф4 турнирот освоивте награда за најдбар голман, дали ја очекувавте и што претставува истата за вас?
-На завршниот турнир земав награда за најдобар голман и за истата искрено се надевав дека ќе ја добијам. Оваа награда ми значи многу и ми е потик уште многу да работам за да дојдам до посакуваниот успех и цел.
7. Како ја оценуваш дебитанската сезона во лигата со пионерите на Вардар, со оглед дека бевте најмладиот состав. Дали конечниот пласман на табелата беше реален, или сметате дека можеше и подобро ?
-Иако бевме помлади од противничките екипи, на секој натпревар го дававме максимумот од нас, но сепак на крајот доаѓаше до израз возраста на екипите со кои се натпреварувавме. Конечниот пласманот не е лош, со оглед дека кога почна лигата ние бевме многу кратко време заедно, но секогаш може и подобро.
8. За крај неколку завршни зборови и за вашите тренери, кои ве научија на почетоците во ракометот и се уште учите од нив и се надоградувате ?
-Тренерите Александра и Дарко Јанев се одлични личности со кои имаме одлична соработка. Нивното искуство ни го пренесуваат на нас и со тоа ние се градиме како играчи. Она што сме денес е нивна заслуга и секогаш ќе ги паметам како првите тренери, кои ме научија да ја сфатам смислата на ракометната игра.
Звонко Ивановски