Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Дерби помеѓу Вардар и Пелистер, во рамките на 24 првенствено коло кај младинските категории
Дерби помеѓу Вардар и Пелистер, во рамките на 24 првенствено коло кај младинските категории

Дерби помеѓу Вардар и Пелистер, во рамките на 24 првенствено коло кај младинските категории

Во сабота ќе се одигра 24 коло во првенството на младинските фудбалски категории, а на програмата е дербито помеѓу екипите на Вардар и Пелистер. Пионерските екипи гостуваат во Битола, во термините од 10 и 12 часот, додека кадетите и младинците се домаќини на теренот на Академијата, во термините од 12 и 14 часот. До крајот на сезоната остануваат уште четири кола за одигрување, кои немаат никакво резултатско значење за нашите генерации, освен што останува е да се бориме за подобар пласман на крајот од сезоната.

Помладите пионери се единствената генерација која на крајот од сезоната ќе може да се пофали дека е шампион на Македонија. Во средата, избраниците на Рап-Тап го доживеаа првиот пораз, на натпревар од заостанатото 19 коло, пораз кој нема никакво влијание за конечниот исход на табелата. Вардарци се далеку на врвот пред останатите екипи и сигурно се шампиони во својата генерација. Двата претходни дуели со Пелистер ги добивме во своја корист. Во есенскиот дел на истиов терен, триумфиравме со резултат 1:2, додека во пролетниот дел убедливо на домашен терен го победивме противникот со резултат 5:0.

За пионерите на Вардар во последните четири кола останува борбата за третото место на табелата, со оглед дека се загубени шансите за првите две места на табелата. Во оваа категорија, голема борба за трофејот водат екипите на Шкендија, која има има четири бода предност пред тимот на Македонија Ѓ.П. Вардар е трет, со можност да остане на оваа место на табелата, во зависност од постигнатите резултати во последните кола. Избраниците на Ѓорѓиески шансата за трофејот ќе ја бараат во финалето на купот, каде ќе играат против врсниците од Академија Пандев. Битолски Пелистер го елиминиравме во полуфиналето на купот, додека во првенството одигравме со нерешен резултат (2:2) на теренот во Битола, и триумфиравме со 1:0 на теренот на Академијата.

Лоша сезона за кадетскиот и младински состав на ФК Вардар, кои остануваат без трофеј оваа сезона. Во последните четири кола, тие ќе се обидат да го задржат вицешампионското место на табелата. Кадетите имаат една победа и нерешен резултат во дуелите со противникот оваа сезона. На домашен терен славевме убедливо со резултат 9:1, додека на теренот на Пелистер одигравме нерешено (2:2). Истиот учинок го имаат младинците, кои на истиов терен каде утре ќе се одигра дуелот славеа со резултат 2:1. додека на гостувањето ги поделивме бодовите, играјќи нерешено (2:2).