Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Форца е следниот противник за вардаровите генер. “2004“ и “2005“ во регионалната-скопска лига
Форца е следниот противник за вардаровите генер. “2004“ и “2005“ во регионалната-скопска лига

Форца е следниот противник за вардаровите генер. “2004“ и “2005“ во регионалната-скопска лига

Во текот на утрешниот ден на теренот на Академијата своето коло во рамките на регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на ФК Вардар, кои се родени “2003“ и “2004“ година. Во ова коло, противник вардарци е екипата на Форца.

Двете генерации на Вардар се големи фаворити во дуелите со противникот и се освен триумф ќе претставува големо изненадување. Многу поважен дуел е ова за генерацијата родени “2003“ година кои бодат борба за трофејот со екипата на Шкендија. Избраниците на “Чунга Лунга“ имат два бода предност и натпревар помалку од тетовскиот тим. Со триумф над Форца, разликата повторно ќе си дојде на пет бодови, со кои ќе влеземе во последните три кола од натпреварувачката сезона. Првиот дуел сезонава против Форца го добивме со службен резултат, додека на вториот победивме убедливо со резултат 0:15. Мечот против Форца во сабота ќе започне од 10 часот.

Вардаровата генерација од “2004“ од претходното коло се промовира како шампион, со оглед дека има 13 бодови повеќе од екипите на Милано и Шкупи и меч помалку за одигрување. И во оваа категорија на претходните два натпревари ги освоивме бодовите. Првиот меч го добивме службено, додека на вториот триумфиравме со резултат 0:6. Дуелот во оваа генерацијата е закажан за рано наутро од 08:30 часот.