Македонската фудбалска репрезентација до 18 години, во претстојниов период ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Бугарија. Мечевите се закажани, за на 15-ти и 17-ти мај, на тренинг центарот “Петар Милошевски“.
За овие пријателски мечеви, селекторот на Македонија, Добринко Илиевски повика пет играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за голманот, Методија Велковски, потоа Филип Антовски, Јакуп Бериша, Стефан Наумчески и Бојан Колевски.